СКОПЈЕ, 09. 10. 2017 – Во среда на 11 октомври, по повод државниот празник, политичката партија Левица организира прошетка на 12 локации во центарот на Скопје. Локациите се однесуваат на спомен обележја од Народоослободителната борба. Прошетката ќе започне од раскрсницата пред Универзитетот „Кирил и Методиј“ кој преку Југодрва и Жена парк ќе заврши кај Градски ѕид, пренесуваат од Левица на организираниот фејсбук настан.
Целта на овој настан е да се одбележи датумот како еден маркантен ден на Народноослободителното востание за време на Втората светска војна. Меѓутоа, една од целите е да се потсетат присутните и на спомен обележјата кои се издигнати во чест на таа борба, а со спомениците од проектот „Скопје 2014“ се маринализирани, а нивното значење е минимизирано во општеството.