Претседателот на САД, Доналд Трамп имаше необична и мистериозна порака за новинарите по состанокот на високо ниво околу Северна Кореја и Иран.
На застрашувачката средба со новинарите по состанокот со врвните американски воени претставници во четвртокот, претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека овој момент претставува „затишје пред бура”.
„Знаете што претставува ова?”, Изјави Трамп за новинарите за време на медиумската фото сесија, по средбата со воените претставници на разговори околу Иран и Демократска Народна Република Кореја (Северна Кореја).
„Можеби ова е затишје пред бура”, рече тој.
Збунети и изненадени новинарите побарале повеќе информации, прашувајќи што може тоа да значи.
„Ќе дознаете”, одговори тој, одбивајќи да даде повеќе детали за мистериозната забелешка.
„Ние ги имаме најдобрите воени лица во светот, ви благодариме на сите што дојдовте”, го заклучи тој состанокот.
Состанокот се случуваше во исклучително сензитивно време откако непријателската реторика меѓу САД и Иран и Северна Кореа значително ескалира. Трамп наводно ги притискал воените лидери да бидат побрзи во подготовките за „воени опции” за Северна Кореа.
„И тоа ќе биде направено, ако е потребно, верувајте ми”, рече претседателот.
Трамп неодамна во свој говор во седиштето на Обединетите нации се закани дека „целосно ќе ја уништи” малата источноазиска нација веќе сардисана со санкциите.
Иран, исто така наводно бил тема на разговор помеѓу претседателот и воените лица. И оваа земја беше под дипломатски напад од САД поради нуклеарниот договор од 2015 година кој Трамп го смета за штетен за САД. Трамп во четвртокот рече дека планирал укинување на договорот, со тоа заканувајќи се со уништување на едно од најголемите достигнувања во современата меѓународна дипломатија.
Трамп ги оставил новинарите во недоумица по застрашувачките забелешки, седнувајќи на масата поставена со скапи оброци, со мирна класична музика во позадината.