ЛЕВИЦА: Претставка за одредбата „нормиран учинок“, се коси со Уставот

СКОПЈЕ, 06. 10. 2017 – На денешната прес конференција одржана пред зградата на Уставниот суд, од Левица информираа дека подготвиле претставка до Уставниот суд, а од истиот бараат да поведе постапка на оценување на уставноста на дел од актуелниот важечки Закон за именување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија (2017).

Од Левица бараат поништување или укинување на дел од наведениот Закон. Според нив, имаат основано мислење за одредбата на Законот за минимална плата во членот 2 по ставот 1 се додаваат три нови членови (2, 3, 4), кои ја вклучуваат и спорната одредба „нормиран учинок“. Оваа одредба е во директна спротивност со Уставот на Република Македонија, велат тие.

Од друга страна, новите одредби во Законот им овозможуваат на работодавачите да го одбегнат исплаќањето на минималната плата.

„Со новите одредби во законот што се однесуваат на таканаречниот нормиран учинок им се оставаат одврзани раце за идни манипулации на работодавачите, а на штета на егзистенцијалниот интерес на работниците. И претходно Законот за минимална плата се кршеше во практиката преку враќање на дел од платата на рака на работодавачот и преку пријавување на скратено работно време на работници кои работат и прекувремено. Па со новата можност за утврдување таканаречен нормиран учинок на работодавачите им се отвора огромен простор за заобиколување на исплатата на минимална плата на работниците“ истакнуваат од Левица.

|2017-10-06T11:15:43+00:006 октомври 2017|Актуелно, Вести|