Профитирање од трагедии: Акциите на производителите на оружје во пораст по масакрот во Лас Вегас

Уште еден масакр во САД и уште еден бран на пораст на цените на акциите  на компаниите – производители на оружјето. Профитерство од трагедиите – од неодамна типично однесување на американските инвеститори.

Неколку часови по најтешкиот масакр во американската историја во Лас Вегас во неделата, акциите на „American Outdoor Brands,“ порано позната како „Smith & Wesson“, скокнаа за 3,41 отсто на 15,77 долари попладнето, додека „Sturm Ruger“ порасна за 2,9 отсто на 53,20 долари.

Цените на акциите пораснаа заради перцепцијата на инвеститорите дека после масакрот  на концертот во Лас Вегас пој однесе околу 60 мртви и околу 500 повредени, ќе следат построги правила за контрола на оружје. Цените на акциите на главните производители на оружје се во постојан надолен тренд откако Националната пушкарска асоцијација (National Rifle Association – NRA) ja подржа кандидатурата на Доналд Трамп и со тоа се намалија стравувањата за зголемување на контролата врз оружјето.

На крајот од тргувањето на берзата во  петокот акциите на American Outdoor Brands паднаа за речиси 28 отсто за годинава, додека Sturm Ruger падна за 2 отсто.

„Шпекулациите околу зголемувањето на контролата на оружјето на федерално, државно и локално ниво, како и зголемените стравувања од тероризам и криминал”, може да влијаат на побарувачката за огнено оружје, стои во годишниот извештај до инвеститорите на American Outdoor Brands.

Во месецот што следеше по големите американски масакри со огнено оружје, акциите на оваа компанија се зголемија во просек речиси 5,4 отсто, а на Sturm Ruger за 2,9 отсто. По масакрот во ноќен клуб во Орландо, Флорида, на 12 јуни 2016 година, во кој загинаа 49 мртви, акциите на Штурм Ругер и Смит и Весон исто така пораснаа. Истото беше случај и за масакрот во Сан Бернардино на 2 декември 2015 година, во кои беа убиени 14 луѓе.

Зголемувањето на акциите на оружје е понов феномен. По претходните масакри, акциите на производителите на оружје обично паѓаа заради стравот на инвеститорите дека евентуалните зголемени регулации за оружје ќе ја намалат профитабилноста. Но, под притисок на екстремно моќното лоби на производителите на оружје – Националната пушкарска асоцијација (NRA) – која е длабоко вклучена во подршка на политичари, посебно на десницата, што се „пријателски“ настроени кон оваа индустрија, не се случија никакви промени во регулацијата.

Во текот на наредните години, меѓу другото и заради пропагандата во десничарските медиуми во САД дека тогашниот претседател Обама сака да го искористи секој нареден масакр за забрана на носење оружје, следеше масовно купување на оружје. Ова предизвика пораст на акциите на овие компании. Оттука, стана вообичаено после секој масакр со огнено оружје акциите на компаниите производители на оружје да растат. Профитерството од човечките трагедии со тоа стана норма во американскиот капитализам.

|2017-10-04T12:23:26+00:004 октомври 2017|Вести, Некатегоризирано, Свет|