СКОПЈЕ, 03. 10. 2017 – Денес во просториите на Врховниот суд во Скопје, е закажана јавна седница за обвинетите на случајот „Монструм“.Тие во 2014 година беа осудени, а една година подоцна Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот суд. Првата седница на Врховен суд беше договорена за 12 септември, меѓутоа истата беше одложена.
Според адвокатите на осудените, тие се невини а случајот е монтиран. Недостигаат докази, но и сведочењето на заштитениот сведок, сметаат тие дека е контрадикторно. Исто така се осврнуваат на судското вештачење кое не може да потврди точно време кога биле убиени жртвите, а исто така сведоците кои сведочеле подоцна не ги препознале обвинетите.
Во 2015 година, кога тогашниот лидер на опозицијата, а денес премиер на Република Македонија Зоран Заев во неколку интервјуа потенцираше дека според прислушкуваните материјали коишто тој ги поседуваше, осудените се невини. На едно од прашањата, минатиот месец до премериот во емисијата „Отворено“ што ќе се случи со овој случај во иднина , тој укажа дека предметот е во рацете на Судот и тој е овластен да реши за овој случај.
Судбините на овие луѓе сеуште се под знак прашалник, земајќи предвид дека и судството, но и дневната политика ги користи како инструмент за пазарење. Три години откако се осудени, а пет откако се затворени, прашањето дали правото и правдата ќе се поклопат останува неизвесно.