Рушејќи ги ’пропаднатите догми на неолиберализмот’ Корбин нуди нова визија

„Ние сме сега политички меинстрим“ – прогласи Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија (Партија на тудот) на Велика Британија во преполната сала во Брајтон, Англија, во средата.

Годишната конференција на Лабуристичката партија заврши со говорот на Корбин во кој тој се осврна на „суровата и пресметана“ агенда на штедење на премиерката Тереза Меј, ги нападна „пропаднатите догми на неолиберализмот“ кои се виновни за пожарот во Кулата Гринфел и објави дека неговата партија со новиот манифест – „за мнозинството, не за малкумината“ (for the many, not the few) e на власт во чекање.

„Нашиот манифест и нешите политики се популарни, зашто, токму тоа е она што мнозинството во нашата земја навистина го сака, а не она што им е кажано дека треба да го сакаат,“ кажа Корбин:

“Десет години по светската финансиска криза, Ториевците [владеачката Конзервативна партија] сè уште веруваат во истата догматска мантра-дерегулација, приватизација, намалување на даноците за богатите, ослабување работничките права, со тоа донесуваат профит за малкумина, и долг за мнозинството.”

Минатата година на предвремените избори кои ги свика премиерката Тереза Меј, убедена во огромната предност на анкетите, Лабуристичката партија направи вистински политички земјотрес. Лидерот Корбин, сардисан од неколкуте пуча во сопствената партија од страна на десното крило на „третиот пат“ неолиберални социјал-демократи, успеа да постигне значителни изборни добивки. Иако не успеаа да победат, сепак Лабуристите под водство на социјалистот Корбин, усепаа да ја свртат јавната дебата и политичкиот дискурс во правец на нивниот многу популарен манифест:

„Да, ние не постигнавме доволно добар резултат и засега остануваме во опозиција, но станавме влада на чекање”, рече Корбин во средата. „И нашата порака до земјата не може да биде појасна – Лабуристичката партија е подготвена”.

„Подготвени да се справиме со нееднаквоста, подготвени да ја обновиме нашата [Национална здравствена служба], подготвени да им дадеме можност на младите, достоинство и безбедноста на постарите луѓе, подготвени да инвестираме во нашата економија и да одговориме на предизвиците на климатските промени и автоматизацијата, подготвени да ги ставиме мирот и правдата во сржта на надворешната политика”, продолжи Корбин.

Единствениот пат напред, кажа Корбин, е да се замени овој неуспешен статус кво со „нов консензус” кој нема само да се обидува да  „прераспределува во рамките на систем кој не доставува за мнозинството, туку да го трансформира тој систем”.

Социјалистичката визија на Корбин оди отаде границите на Велика Британија. Таа гледа на меѓународната политика како промоција на цивилизациските вредности на човештвото пред профитот.

„Ние ќе водиме политика поинаку”, рече Корбин. „И клучниот збор овде е ’ние’. Не само водачи кои велат дека работите се различни, туку секој што има шанса да ја обликува нашата демократија”.

Погледнете го целиот говор овде:

 

 

 

|2017-09-28T11:52:21+00:0028 септември 2017|Актуелно, Вести, Свет|