БИТОЛА, 26. 09. 2017 – На 27 септември, во Битола, во 12:00 часот, во просториите на Задругата Артикултура ќе се одржи саем на книгата. Саемот ќе трае до 30 септември, а на истиот ќе се одржат промоции на дела и настани.
На саемот ќе учествуваат четири издавачки куќи. Петок и сабота се деновите коишто се резервирани за промоции.
Во прилог ја доставуваме програмата на фестивалот:
ПЕТОК 29.9
17:00
Бегемот: Промоција на преведените дела на Ришард Капушќински со Лидија Танушевска
18:00
Антолог: Поетско читање со Ѓоко Здравевски
САБОТА 30.9
17:00
Темплум: Никола Гелевски, промоција на едицијата Друга приказна и на истоимениот скопски книжевен фестивал
18:00
Или-или: Промоција на романот „Одбројување” од Фросина Пармаковска