Швајцарци ќе продаваат алпски воздух во Кина и Индија

Швајцарски стартап излегува со идеја за акумулација на воздух од Алпите и негово продавање низ најзагадените подрачја на светот, особено во Азискиот континент. Воздухот е собиран од Алпите и истиот е компресиран во аеросолна конзерва. Конзервата содржи седум литри, а ќе кошта 19.95 швајцарски франци. Од неа може да се вдишува околу 10 минути, односно, 120 вдишувања.

Од раководството на компанијата пренесуваат дека со ова нема да се реши проблемот на загаденоста на воздухот, но, дека е добро за рецепторите барем малку да почувствуваат свеж воздух.

Ова не е прв обид да се продава воздух. Во февруари, друга компанија исто така почна да собира воздух и да продава.

Во минатото беше шала, сега станува реалитет

Се чини дека светот се наоѓа во прагот на една дистописка состојба. Тоа што е есенцијално за секое човечко суштество, имено, воздухот, да стане привилегија на социјалниот слој којшто може да го дозволи овој воздух. Состојбата со загадувањето е алармантна, и најавувањето на еколошките катастрофи во светот станува се поажурна и повознемирувачка вест.

Наплаќањето на чистиот воздух е само сведоштво за природата на односите и политиките во светот. Тоа што во Кина и Индија, во урбаните средини има висока стапка на загаден воздух, а истиот е предизвикан од сеприсутната индустријализација, доволно зборува за експлоатацијата на природата во овие држави. Меѓутоа, зборува и за фактот дека Кина и Индија претставуваат области во кои многу западноевропски компании ги имаат инсталирани своите производствени капацитети и голем дел од производите е наменета за т.н. Западен свет. Оттаму, неправедноста во однос на екслоатација на природата и работниците, зазема уште еден степен. Правото за чист воздух, коешто со раѓање човекот го стекнува како супстанцијално за негово живеење, во овој случај е нарушено. Уште поироничен е неолибералниот меркантилен однос, кој чистиот воздух го претвора во производ којшто може да им го прораде токму на најслабите, на тие кои немаат пристап до него.

|2017-09-22T12:47:22+00:0022 септември 2017|Актуелно, Вести, Свет|