КАВАДАРЦИ, 19. 09. 2017 – Извршители вчера и денес ја тресат фабриката „Фени индустри“.
Веќе подолг период раководството на фабриката избегнувало да ги исплати долговите за сметки за струја и банкарски кредити, кои изминатите години се наталожиле. Од таа причина, според нашите извори, вчера во просториите на фабриката влегле извршители со што производството е стопирано.
Како што пренесува нашиот извор од фабриката за Гласник, од денес е стопирано дури и движење на утоварните машини и крезовите во кругот на фабриката.
Според овие информации, на 830 лица вработени во фабриката им се заканува невработеност, затоа што фабриката се спрема за стечај.