На 21 мај, се отвора новата сала на Македонската филхармонија. По тој повод, на отворањето ќе гостуваат славниот пијанист Владимир Ашкенази во улога на диригент и пијанистот Симон Трпчевски.
Иако оваа сала е изградена во рамки на проектот Скопје 2014, потребата од оваа сала беше голема. Меѓутоа, значајно е да се истакне дека оваа сала е изградена со парите на даночните обврзници на Република Македонија. Оттаму, тие имаат право да уживаат во изведбите во оваа сала. Отворањето на новата сала на Македонската филхармонија на 21 мај нема да биде привилегија на оние кои се на некој начин финансиери на истата. Тоа се граѓаните. Превисоката цена на влезницата за отворањето оневозможува многумина вљубеници во класичната музика во живо да ја чујат изведбата на оркестарот на филхармонијата под диригентска палка на Владимир Ашкенази.
Цената на влезницата е 2700 денари.