Условите за живот невозможни за еден милион деца во Појасот Газа

Хуманитарната организација Save the Children известува за невозможните услови за живот за еден милион деца во Појасот Газа која се наоѓа под блокада на Израел.

Save the Children во извештајот објавен во вторникот пишува дека еден милион деца живеат во ужасни услови. Извештајот од Обединетите нации од 2012 предвидува дека условите за живот ќе бидат невозможни до 2020. Save the Children смета дека веќе условите за живот се невозможни.

Save the Children апелира за кревање на блокадата од страна на Израел и ги повикува израелските и палестинските власти да овозможат елементарни услови за живот за жителите во Појасот Газа. Хуманитарната организација известува дека, цела деценија семејствата имаат по само 8 часа електрична енергија дневно, а последната година по само 2 часа.

Недостатокот на електрична енергија, според извештајот, дополнително врши притисок врз кревката инфраструктура. Поради неможноста за прочистување на отпадните 60 проценти од морската вода е загадена, а 90% од водата за пиење е исто така загадена.

“Ние сме различни од другите држави кои имаат 24 часа електрична енергија. Нивниот живот не е како нашиот. Имам толку многу соништа. Но, мојот главен сон е да бидам како другите деца и да живеам во мир, безбедност и со електрична енергија,“ вели 13-годишната Ранија.

Џенифер Мурхед, директорка за одделот на Окупирана палестинска територија при Save the Children, вели:

„За жал, децата од Газа се фатени во еден од најполитизираните конфликти во светот. Продолжената израелска окупација и поделеноста кај палестинското раководство го прави животот неподнослив. Ако сте десет годинишник во Газа, веќе сте сведок на три големи и насилни ескалации на конфликтот. Додека политичарите го слават Еид и спијат во своите климатизирани домови, децата во Газа се потат во задушливата летна топлина, не можат да спијат, да играат или да учат. Не би смеело да сме во ситуација да бараме толку основна услуга како што е електричната енергија за децата од Газа. Неколку часа на електрична енергија дневно е неприфатливо во 2017 година. Децата од Газа веќе страдаат низ десетгодишната блокада и постојаната закана од конфликт. Живеењето без пристап до основните услуги како што е електричната енергија влијае врз нивниот семеен живот и менталната благосостојба. Гледаме зголемени нивоа на анксиозност, агресија и промени во расположението.“

До целиот извештај на Save the Children, интерактивни содржини со видеа, стории и фотографии може да пристапите овде.

|2017-09-07T11:17:17+00:007 септември 2017|Актуелно, Вести, Свет|