Рудниците на смртта и на Халкидики

Познати по огромното  загадување на природната средина, отворените рудници на злато коишто канадската фирма Елдорадо Голд ги отвора во Скоуриес и Олимпијас на Халкидики ќе ослободат 20 000 тони арсен. Оваа количина е доволна да го убие секој човек на планетата и тоа три пати. Дали Халкидики заедно со југоисточниот дел на Македонија (Гевгелија, Богданци, Валандово и Струмица) ќе се претворат во најзагадени места во регионот па и пошироко? Како во Македонијa така и во соседна Грција граѓаните се организираат против ваков тип на рудници чие што отварање, како што е случајот во Македонија, е поддржуван од длабоко во корупција потоната Влада во заминување. Неодамна, граѓаните на Гевгелија се изјаснија на референдум против рудницитe за злато на Кожуф.

Сличен проблем имаат и жителите на Битола и Птолемаида од двете страни на грчко-македонската граница. Залихите на јаглен во Леринско (Флорина) и Птолемаида се 1.82 милијарди тони. Термоелектричните електрани во Битола и оние во северозападна Грција со нивното загадување убиваат илјадници македонски и грчки граѓани годишно, а со залихите од јаглен во регионот тоа може да продолжи и во наредните децении.

Дали македонските и грчките граѓани ќе се обединат во решавањето на заедничките проблеми, загадувањето на животната средина, корупцијата и експлоатацијата на рударот или пак сеуште ќе бидат манипулирани од националистичките реторики во двете земји? Имено, додека во Грција просечниот животен век е 80 години, просекот кај рударите во северозападна Грција 67 години. Најверојатно слична е состојбата во битолскиот Суводол. Колку често слушаме за т.н. несреќни случаи, кои се всушност резултат на застарена и неисправна опрема, несоодветна заштита, замор и континуирана екплоатација од којашто умираат рударите во РЕК Битола.

Василис Саросавидис, рудар во јагленокопите во северозападна Грција

Од друга страна, компаниите што добиваа тендери за ископување на јаглен во Суводол заработуваат милиони евра, особено со приватизацијата на Електростопанство на Македонија во 2005. Според Бирото за јавни набавки само за четири години, ГП Пелистер на Силјан Мицевски заработило близу 110 милиони евра од шест тендери со АД Елем, а Трансмет на Сеад Кочан пак околу 55 милиони евра од два тендера со РЕК Битола.

 

Протести против отварање на рудниците на Халкидики

|2017-05-23T12:35:26+00:0019 мај 2017|Актуелно, Вести|