СКОПЈЕ, 24.08.2017 – Се враќа евтината дневна тарифа на електричната енергија во Македонија. Секој работен ден од 14 до 16 часот вклучително и сабота, но и од 22 до 7 часот наутро, а во недела 24 часа, граѓаните ќе можат да ја користат евтината тарифа.
Дискутабилен е рокот за стартување со истата, ако се земе предвид дека според премиерот Зоран Заев, со евтина тарифа ќе се започне од 1. октомври. Имено, на 15. октомври е зажан денот на одржување на локалните избори. Тука се поставува прашањето, дали ова е една мерка којашто ќе биде инструментализирана од позиција на власт.
Исто така, значајно, но без доволно информации за јавноста од страна на владата е дали нормалната дневна тарифа ќе остане иста или ќе се покачи. Знаејќи ги еконмско-енергетските определби на министерот без ресор Кочо Анѓушев околу либерализацијата на пазарот за електрична енергија, може да дојде до покачување на цената на електричната енергија. Со тоа, дневната евтина тарифа ќе си остане, но не евтината тарифа ќе се покачи, а на тој начин и сметките за струја на граѓаните би биле речиси исти, или повисоки.
Ако се земе предвид дека, голем дел од граѓаните кои се вработени се на своето работно место до 16 или 17 часот, значи дека, бенефициите од евтината тарифа на електрична енергија во периодот меѓу 14 и 16 часот нема да можат да ги користат. Исто така, работното време на службениците во јавната администрација завршува најдоцна до 17 часот, што значи дека, и тие нема да имаат бенефит од оваа промена.