Поезија: Јас не сум јас (Хуан Рамон Хименес)

Јас не сум јас

 

Јас не сум јас.

Јас сум тој

покрај мене што оди, а не го гледам јас,

што понекогаш го гледам,

и што, понекогаш го заборавам.

Тој молчи, мирно, кога зборувам,

тој што простува, благ, кога мразам,

тој што минува таму каде што не сум јас,

тој што ќе остане простум кога ќе умрам.

 

Хуан Рамон Хименес, претставува еден од најзнаменитите шпански поети од ХХ век. Голем дел од својот живот тој живее во емиграција во САД и Порторико по граѓанската војна во Шпанија. Неговата поезија е натопена во меланхолија која извира од длабоките слоеви на животот на поетот. Во 1956 година ја добива Нобеловата награда за литература, додека песната „Јас не сум јас“ (Yo no soy yo) претставува едно од најдобрите поетски остварувања на Хименес и мотивација на одборот за да му додели нобелова награда.

|2017-08-18T14:23:19+00:0018 август 2017|Актуелно, Култура|