СКОПЈЕ, 19.07.2017 – Парламентарното мнозинство, на чело со СДСМ, денес најавуваат Собраниска седница со предлог измени на Законот за заштита од пушењето по кратка постапка. Од власта се правдаат дека измените се нужни затоа што прометот на угостителите бил драстично намален.
„Со донесувањето на Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето ќе се овозможи да се санираат економските последици од актуелните законски одредби во поглед на дефинирањето на просториите во кои е забрането пушењето. Со овие измени ќе се спречи отпуштањето на работници и влошување на и онака лошата економска состојба во Република Македонија“’ стои на предлог законот за изменување.
Од друга страна, критиките за ваквиот предлог законот за измени се големи. На социјалните мрежи реакциите од активисти на најразлични организации и партии се насочени против законските измени.
Членот на Президиум на Левица, Дејан Лутовски на неговиот фејсбук профил објави дека не се согласува со предложените измени, а воедно законот го смета како еден од ретко добрите изгласани закони од страна на минатата власт. Како што пишува тој на својот фејсбук профил, „се дерегулира областа и се брише дефиницијата за тоа што значи јавен простор надвор од деловниот објект за кој важи забраната“. Според Лутовски, претходниот закон јасно прецизирал до каде важи забраната.
Околу прометот загубата на угостителите, Лутовски додава:
„Чудно, никако да помислат дека прометот е намален поради намалената куповна моќ на населението и падот на реалните плати. По се` изгледа дека угостителското лоби си ја завршило работата и дека господата пратеници живеат во паралелен свет. Нормално, се носи по скратена постапка, без некоја посериозна дебата. На угостителското лоби не му се чека.“
[/fusion_text][/fusion_builder_column][/fusion_builder_row][/fusion_builder_container]