На одбележувањето на годишнината од пучот во Турција што се одржа во Скопје присутни и претставници на македонската владата

фото: СДК.мк

фото: СДК.мк

Министерот за здравство Арбен Таравари и вицепремиерот Кочо Анѓушев, се претставниците на Владата на Република Македонија кои присуствуваа на одбележувањето на годишнината од неуспешниот пуч во Турција минатата година. Се очекува официјални претставници на Владата исто така да присуствуваат на официјалната прослава во Турција.

Ако се земе предвид дека мнозинството граѓани гласаа против политиките на Груевски и со тоа ја усмерија климата во општеството против автократските модели на политика, тогаш учеството на претставници на владата на одбележување на ваков настан не е демократски чин. Обидот за пуч од минатата година, на Ердоган му даде легитимитет кој сега тој го користи на сосема недемократски начин да се справи со сите неистомисленици.На сличен начин претходната власт во Македонија на чело со Никола Груевски се справуваше со своите неистомисленици и беше на прагот на воспоставување диктатура. Новата влада на СДСМ манифестира противречности во својата политика. Обидите да се одржат добрите односи со Р. Турција не може да се заснова на соработка со еден автократски режим кој работи против интересите на својот народ. Дневнополитичките есапења и дипломатски релации со Турција, особено сојузништвото за влез на Македонија во НАТО, не смее да ги срони моралните вредности кои македонското граѓанство ги изгради во изминатиов период за време на борбата против режимот на Никола Груевски.

Јавноста со осуди и критики како до владата на Република Македонија, така и до самиот чин на прослава. Од невладината ЦИВИЛ, денес излегоа со соопштение по повод планот на владата да испрати свои претставници на одбележувањето на денот на спречување на пучот во Турција. Оттаму велат дека го осудуваат чинот на прослава и на компањата која турската влада ја спроведува во Македонија:

„По обидот за пуч или, како што дел од светската јавност верува, инсценираната криза која на Ердоган му даде простор за брутална пресметка со својот народ, демократијата, слободата на изразувањето и владеењето на правото се укинати. Наместо тоа, во Турција сега масовно се апси. Се убива.“ истакнуваат од ЦИВИЛ.

Ердогановото владеење во Турција е брутално и насилно, додека целокупниот систем поминуваше низ страшна голгота на чистка, пренесуваат од ЦИВИЛ.

„ Дрско и арогантно, денеска и во Македонија се слави една година од бруталната окупација на Турција, која ја спроведе Ердоган на чело на една корумпирана и насилничка клика. Ни помалку, ни повеќе, организаторите, финансирани од државната агенција ТИКА, ќе слават!“ додаваат тие.

И од политичката партија Левица се придружуваат на критиките и осудите на учеството на владините претставници да учествуваат во вакви церемонии. Според нив, лесно е да се коленичи пред моќниците, но принципите според нив, не служат само како алатка некој да се добере до власта и на крај да ги игнорира.

„Недозволиво е една суверена земја да дозволува туѓа пропаганда на сопствена територија! Македонските градови беа преплавени со билборди преку кои се искривува вистината, преку кои се тврди дека демократијата победила во Турција. За потсетување, по контраверзниот државен удар, Ердогановиот режим спроведе масовна чистка на неистомислениците, при што 150.000 луѓе ја изгубија својата работа, а 50.000 завршија во затвор. Така ли „победува“ демократијата?! Левица најостро го осудува немањето никакви стандарди во трката за профит на газдите што стопанисуваат со билбордите и локалните власти кои им овозможуваат на овие газди за профит да бидат мегафони на пропаганда на друга држава“ сметаат од Левица.

[/fusion_text][/fusion_builder_column][/fusion_builder_row][/fusion_builder_container]

|2017-07-15T17:26:48+00:0015 јули 2017|Актуелно, Вести|