Денеска протест пред Управен Суд во 13.00 часот

СКОПЈЕ, 25.12.2021 – Денеска, во 13 часот во Скопје, пред седиштето на Управниот Суд ќе се одржи протест. Причината за протестот е одолговлекувањето на процесот кој Управниот суд треба да го заврши со одлука околу концесијата за експлоатирање на рудата во Југоисточниот регион.

На објавената покана од страна на иницијативата на фејсбук стои:

Откако ги промаши сите рокови во кои Еуромакс можеше да отпочне со работа, по нашата долготрајна борба, Владата конечно го одби нивното барање за работа, и им ја одзеде концесијата. Еуромакс вложи жалби и во меѓувреме започна обемна пиар кампања во медиумите, а се сомневаме и за друг вид кампања кај клучните функционери. Управниот суд и Вишиот управен суд почнаа да си играат пинг понг со предметите и само го одогвлечуваат процесот.
Затоа, во сабота, на 25 декември, со организиран превоз, одиме на протест пред Управен суд во Скопје.
|2021-12-25T10:11:02+00:0025 декември 2021|Актуелно, Вести, Екологија|