Утре со почеток во 19:30 часот во Социјален центар Дуња, ќе се одржи проекција на документарец за Grup Yorum.
Групата Јорум од Турција, е група која преку музика го изразува револтот на народот, ги опејува народните херои кои се бореле против империјализмот, капитализмот и домашната буржоазија.
Групата е формирана во 1985 година и до денес преку музика ја коментира политичката состојба во државата исто така промовирајќи ги нивните политички погледи. Груп Јорум не е класична група која одржува само концерти, туку со својата музика учествува на протести, штрајкови, укупации на универзитети и фабрики.
Концертите на Груп Јорум често биле забранувани, членовите приведувани и апсени, а забранета била и продажбата на касети и ЦД-а, поради што во песните се опеани борци од радикалните леви групации во Турција.
Музиката на групата пренесува силни пораки за антиимперијалистичката борба, за убиствата во турските затвори, за политички мотивираните смртни казни, за слободниот свет…
Минатата година починаа тројца музичари – членови на Груп Јорум, како последица на нивниот штрајк со глад. Нивните барања беа, да се отстрани забраната за одржување на концерти, да се ослободат сите членови на групата од затвор и да се прекине прогонот кон нив. До денот на смртта Хелин Болек штрајкуваше 288 дена, Мустафа Кочак 297 дена и Ибрахим Гокчек 324 дена.
Зошто овие млади луѓе се одлучија на ваков чекор?
Зошто нивните барања не беа прифатени и покрај нивната смрт?
Зошто нивните песни и популарност ја плашат секоја власт во Турција?
Со цел одговор на овие прашања после проекцијата ќе следува и дискусија. Воедно присутните ќе имаат можност да слушнат и неколку песни со превод на македонски јазик.