Според информации од членови на раководството на политичката партија Левица во фабриката „11 Октомври“ веќе десетина месеци работниците немаат добиено плата и надоместоци.
Во Македонија, работничките права од 1991 година наваму систематски се кршат и намалуваат, а работниците се перцепираат како робови на работодавецот.
Законските процедури за формирање на синдикални здружувања се комплицирани и ја отежнуваат и така тешката позиција на работниците коишто не се во можност да седнат на преговарачка маса со сопствениците и менаџментот на фабриките. Постоечките синдикати наместо отпор, соработуваат со сопствениците и менаџментот во газењето на работничките права. Од друга страна работниците немаат никаква поткрепа од државните институции. Дали трудовиот инспекторат конечно ќе преземе нешто со ситуацијата во фабриката „11 ОКТОМВРИ“?