Последните јавувања од иднината

Ова се последните пет пораки почитувани добиени од 2050 година за овој 1 Мај.

„Денес кај вас е недела, а кај нас секој ден е недела. Во следните три пораки ќе ви кажеме и зошто.“

„Секој има право на живот, а со тоа право на чист воздух за дишење, чиста вода за пиење и чиста почва за јадење. Работничката класа воспостави таков ред и поредок што на капиталистите им е страв да прднат иако сега ги има многу малку.“

„Секој ден ги метиме и миеме улиците и парковите. Ние имаме бела, зелена и розева полиција. Нашата Граѓанска милиција е составена од би, транс и цис жени. Жените се сега чуварки на јавниот мир и слобода.“

„Нашата култура достигна многу, ние на македонски преведовме албански песни, бугарски романи, грчката теорија… Ние денеска се караме за иднината, а не за минатото.“

„Утре е понеделник, имате обврска спрема нас – идните поколенија да почнете да се борите. Нема откажување, Први мај мора да почне да живее во вас за да тлее во нас!“