Како и со што ќе не’ убива рудникот на смртта

 

На обележаниот дел со црвено може да се види во кои оштини се планира да се градат рудници, доколку граѓаните не кажат „НЕ“.

Извадоци од специјалистичкиот труд на Лидија Темелкова од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со наслов „Тешки и токсични метали во крвта кај здрава популација“. Ова е скратена верзија на претходно објавен текст. Студијата му е препорача и на премиерот Заев, а му ја препорачуваме и на Христијан Мицкоски, воопшто на политичарите и на сите изманипулирани новинари и граѓани, кои сметаат дека со отстранувањето на цијанидот (ако воопшто биде отстранет) рудникот повеќе немало да биде опасен. Разликата ќе биде само во тоа од каков вид рак ќе умираме. Сурова е реалност на тој рудник…

БАКАР
Бакарот се акумулира во црниот дроб, мозокот, бубрезите и рожницата. Големи количини на бакар (внесени на разни начини) предизвикуваат бројни токсични ефекти како што се хемолиза, хепатична некроза, гастроинтестинално крварење, олигоурија, азотемија, протеинемија, хематурија и хемоглобинурија. Од останатите симптоми се јавува и наузеа, повраќање, дијареа, хипотензија, тахикардија, конвулзија, КОМА и СМРТ.

АРСЕН („КРАЛ НА ОТРОВИТЕ“)
Според приоритетната листа на опасни супстанции на ATSDR – Agency for Toxic Substances and Disease Registry, арсенот е на прво место според токсичноста за човекот и е широко распространет во земјината кора. Подолгото изложување го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и од различни видови КАНЦЕР, вклучувајќи ги оние на белите дробови, на кожата, на бубрезите и на црниот дроб. Долготрајната изложеност на арсен преку водата за пиење предизвикува рак на кожата, рак на белите дробови, промени во пигментацијата и хиперкератоза.

МАНГАН
Непосредно по инхалацијата на токсични дози на манган се јавуваат симптоми и знаци на назофарингитис, ларингитис, трахеитис и бронхитис. При тешките форми на труењето доаѓа до развој на токсичен белодробен едем. Хронично труење со манган се јавува кај рудари, работници во леарници, ковачи, како и кај работници кои произведуваат лекови, керамика, стакло и адитиви за храна. Се јавуваат различни ШИЗОФРЕНИ психијатриски ефекти и невролошко пореметување слично на паркинсоново заболување.

ОЛОВО
Освен кај децата, оловото може да предизвика и низа пореметувања кај возрасните: покачен крвен притисок, развој на кардиоваскуларни болести, проблем со празнењето, оштетување на бубрезите, болки во стомакот и зглобовите, променливо расположение, намалување на фертилитетот кај мажите и сл. Посебна ризична група се трудниците бидејќи оловото лесно поминува низ плацентата до фетусот, а исто така и преку мајчиното млеко доаѓа до детето. -При тешка форма (на труење) се јавува слика на тешка оловна енцефалопатија, со силна главоболка, психомоторен немир, напади од конвулзии и нарушување на свеста до КОМА.

ЖИВА
Почетната манифестација е тежок гастроентеритичен синдром со повраќање, хематемеза, силна болки по должината на ГИТ и крвави проливи, што доведува до тешка дехидратација и електролитен дисбаланс. Деплеција на крвниот волумен од една страна, како и директното тубулотоксично дејство од друга, предизвикуваат појава на ЧЕСТО ФАТАЛНА акутна бубрежна инсуфициенција кај затруените што го преживеале првиот стадиум.
При потешките труења се јавуваат парези и парализи на мускулите од ектремитетите и нарушување на свеста до КОМА. Пренаталното труење со органска жива предизвикува церебрална парализа на новороденчето, поради оштетување на кората од големиот и малиот мозок.

ТАЛИУМ
-Симптомите се јавуваат непосредно по пероралното внесување на отровот. Прво се јавуваат симптомите од ГИТ: гадење, повраќање, силни стомачни болки, дијареја на која се надоврзува опстипација. На гастроинтестиналните симптоми наредниот ден се надоврзуваат симптомите од ЦНС. Оштетувањето на ЦНС се манифестира со конфузност, психомоторен немир до делириум, напади на конвулзии и нарушувања на свеста до КОМА. Присутни се и благи диспептични тегоби, а во некои случаи се јавуваат и промени од ендокриниот систем, во смисла на аменореја кај жените и олигоспермија кај мажите.

КАДМИУМ
-Акутно труење настанува со вдишување на високи концентрации на кадмиум оксид. Во текот на првите неколку саати се појавува печење во носот и очите, лесно надразнување на горните дишни патишта. Понатаму се јавуваат кашлање, болки во градниот кош,покачена температурa, треска и потење. Кај потешките случаеви се јавува и едем на белите дробови кој може да предизвика и СМРТ .

СЕЛЕН
-Акутното труење со селен предизвикува последици на централниот нервен систем. При тоа најпрво се јавува немир, летаргија, диспнеа пратена со конвулзија додека не настане СМРТ како резултат на депресија на вазомоторниот и респираторниот центар.

ЗАБЕЛЕШКА: За радиоктивните стронциум и ураниум, за сулфурната киселина и за другите смртоносни отрови во друга прилика, за да не ви дојде премногу одеднаш.

Овде можете да ја прочитате целата студија.

Пренесено од фејсбук профилот на Крум Велков.

| 2018-09-10T11:09:47+00:00 10 септември 2018|Актуелно, Вести, Ова не е Сатира|