Приватизација на сонцето

 

Од 2014 година, влезот на посетителите во Националниот парк Пелистер се наплаќа. Посетителите кои доаѓаат со свој автомобил, или со моторцикл плаќаат 50 денари , 80 денари чини за влезот за комбе, додека 150 денари за автобус.

Земајќи го предвид фактот што Битола претставува еден од најзагадените градови во Европа, но и светот, овој тарифник доаѓа како наплата на чист воздух. Кој сака  да дише чист воздух, нека отиде на Пелистер и нека плати.

По таа аналогија, дали земјоделците треба да платат за „сончањето“?