Дебар Маалци утре на протест под мотото: „Вратете ни’ ги тротоарите“

 

СКОПЈЕ, 20.08.2017 – Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ составена од група жители од Дебар Маало, утре организира протест под мотото „Вратете ни’ ги тротоарите“. Протестот се организира откако оваа иницијатива минатата недела испрати барања до општина Центар за решавање на бучавата и ослободување на тротоарите. Општината и градоначалникот останаа глуви на нивните барања, а два дена по упатениот допис, пред Министерството за култура ,на улицата Антоние Грубишиќ се случи сообраќајка, во којашто загина една жена

Дебар Маалчани повикуваат на утрешниот протест, поради, како што велат, на нивната фејсбук страна, окупираните тротоари, неконтролираното градење, нерешениот паркинг простор и лошиот режим за дотур на роба, го направија маалото небезбедно за живеење.

„Дојди на мирен протест, за безбедни улици и тротоари за пешаци, во Дебар Маало, за твоето маало, за целиот град!“, пишуваат од иницијативата.

Протестот ќе започне пред Министерството за култура во 18:00 часот, на улицата Антонио Грубишиќ, кадешто, пред три дена, на 17.08.2018, управител на возило комбе враќајќи се наназад удри и усмрти жена пешак, којашто според очевидци, се движела по улицата, поради окупираните тротоари од страна на паркирани возила.

Овој немил настан, следеше после два дена, откако граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ до општина Центар упати официјално барање, итно да се решат проблемите со бучавата од угостителските објекти на потегот околу раскрсницата на ул. Пиринска и ул. Ленинова, како и да се превземат мерки за ослободување на тротоарите од паркираните возила и летните тераси на угостителските објекти, со цел безбедност на пешаците. Тие сметаат дека, општината и градоначалникот Жерновски, веќе подолго време дозволуваат узурпација на просторот, кој им припаѓа на сите жители, од страна на елитите за нивен профит, додека сметката за тој профит ја сносат граѓаните.

|2017-08-22T11:03:41+00:0020 август 2017|Вести|