На Антарктикот се отцепи санта мраз со големина на Пелагонија

Ако изминатата година на Антарктикот врнеше дожд, оваа година со уште подраматични промени. Санта мраз со дебелина од 200 метри и површина големина од околу 6000 квадратни километри се отцепи од се потоплиот Антарктик. Според експертите не се очекува брзо придвижување на истата, но научниците со загриженост констатираат дека глобалното затоплување се случува со многу поголема брзина од она што го предвидуваа.

Капитализмот нема инструменти со кои ќе го спречи глобалното затоплување

Според Наоми Клајн, истражувач и активист, слободниот пазар, ограничената контрола од страна на државата врз приватниот сектор и непрекината материјал прогрес не само што имаат негативни ефекти за глобалната клима туку се и деструктивни за сиромашните во светот. Клајн се залага за радикална промена во економскиот сустем и политичко уредување. Критиките упатени кон неа се однесуваат на потребата од конкретни детали во врска со она што треба да го замени неолибералниот капитализам. Она што го заговара Клајн добива се поголем број приврзаници. Клајн неодамна го советуваше Ватикан чијашто реториката се повеќе наликува на она што Клајн го заговара. Папата Францис во неколку наврати се обиде да ја предочи поврзаноста помѓу глобалните климатски промени, сиромаштијата, корпорациите итн.

Според марксистичкиот екологист Џон Белами Фостер индивидуалната еколошка етика е погрешен пристап кон проблемот

Американскит професор Џон Белами Фостер тврди дека марксизмот нуди најдобар одговор за еколошката криза и глобалното затоплување. Според овој истражувач само една сеопфатна револуција којашто ќе го отстрани капиталистичкиот систем што ја загадува природата ќе ја отстрани можноста од глобална катастрофа. Капитализмот создава раст на економијата и акумулација на капиталот на било кој начин и без потреба. Според Фостер сите надежи за побавен или еколошко мотивиран раст на економијата се илузија. Капиталистите и инвеститорите се натпреваруваат во еден глобален економски поредок и акумулираат што повеќе капитал со цел да опстанат во борбата со други капиталисти и инвеститори. Компаниите не произведуваат со цел да ги задоволуваат човековите потреби туку се посветени на поттикнување на конзумеризмот.

|2017-07-13T18:17:58+00:0013 јули 2017|Вести, Свет|