Џорџ Монбио: Што е неолиберализмот?

Џорџ Монбио (George Monbiot) за Verso Books

Неолиберализмот е начин на дефинирање на човечките суштества од страна на пазарот. Иако започна како искрена филозофија, многу бргу стана измама во корист на малкумина. Ефективно ги ослободува милијардерите и големите корпорации од ограничувањата на демократијата: од плаќање на даноци, од незагадување, од обврската да исплаќаат фер плати, од не-експлоатирање на работниците.

Една од главните пречки што неолиберализмот сака да ја отстрани е демократијата. Многу често ова неолиберализмот го искажува апсолутно отворено. Хридрих Хаек (Freidrich Hayek) во Конституирање на слободата, ja смета демократијата како пречка за слободата на богатите. Кога го посетил Чиле под Пиноче, тој изјавил дека попрво би живеел во економски либерална диктатура отколку во демократија без економски либерализам.

Неолиберализмот ја обезбеди идеолошката рамка што го оправдува одземањето на моќта на народот и нејзина замена со моќта на парите и моќта на корпорациите, кои се организирана форма што ја заземаат парите. Неолиберализмот беше екстремно успешен во ова, доведувајќи до масовна дерегулација на корпорациите, вклучително и дерегулација на спојувањата и преземањата. Со ова беше овозможено формирање на нов бран на монополи, банки „преголеми за да пропаднат“, корпорации „преголеми за да пропаднат“, приватизирани јавни сервиси „преголеми за да пропаднат“. Сите тие беа на крајот спасени/искупени од страна на државата зашто тие едноставно не можат да опстанат во реалниот свет зашто не се доволно подложени на ограничувањата кои луѓето би сакале да им ги наметнат. Тие нужно се стремат кон кризи без таа државна интервенција. Така, овде има длабока иронија, зашто, неолиберализмот требаше да ја тргне на страна државата, но истовремено ја бара државата за да функционира.

 

Видеото може да го видите овде:

|2017-07-03T13:03:36+00:003 јули 2017|Економија, Став|