Контроверзниот српски бизнисмен Александар Обрадовиќ веројатно ќе биде нов директор на државната енергетска компанија ЕЛЕМ. Ова го дознава Алсат. Од Владата ниту ја потврдуваат ниту ја негираат оваа информација. Од МВР веќе е донесена одлука за доделување на државјанство на Обрадовиќ.
Александар Обрадовиќ во периодот 2012-2015 бил директор на српското јавно претпријатие „Електропривреда Србије.“ Тогашниот српски премиер Александар Вучиќ го разрешил Обрадовиќ заради аферата со купување 2 скапи автомобила. Ова, според српските медиуми, е само врвот на сантата мраз. Името на Обрадовиќ се среќава во многу други афери поврзани со ненаменско трошење јавни средства, доделување тендери на компании на свои познати, ангажман на ТВ ѕвезди и слично.