Тетовчани бараат решение за проблемот со депонијата

Депонијата на влезот на Тетово неколку дена по празникот Рамазан Бајрам, останува преполна. Надлежните избегнуваат да го расчистат сметот. Ова е вообичаена глетка во Тетово веќе подолго време.

Аријанит Џафери од граѓанската организација „Еко Герила“ изјави:

„Ова што се случува во Тетово, не само што е срамно, туку е еколошки геноцид, бидејќи ова трае и по неколкуте ветувања од надлежните делка ќе се реши. Од новата Влада чекаме да го ослободи судството и ние да поднесеме тужба, а ќе бараме и лична и институционална одговорност за тие што го дозволија ова. Исто така имаме идеја отпадот да го депонираме пред општина, бидејќи ова е нивна одговорност, а ова воопшто не ги интересира.“

Во продолжение го пренесуваме интервјуто на Џафери за Алсат:

|2017-06-29T11:33:46+00:0029 јуни 2017|Вести|