Денес, на 24 мај, се отвора првата кафе Задруга Артикултура. Иницијативата е на група ентузијасти чиј пристап е неусвојување на доминантната економска логика на профитот, туку лична и хоризонтална партиципација чија цел ќе биде самоодржливоста. Средствата кои би биле вишок, нема да се земат како профит туку ќе се вложуваат во проширувањето на екипата задругари, но и во инвестирањето и промовирањето на алтернативните културни перспективи.
Една од главните цели на овој простор ќе биде антиавторитарниот модел на организација, без хиерархија, да стимулира лична партиципација и да промовира прогресивни и слободарски идеи.
Отворањето на оваа задруга, со музички настап ќе го одбележат „Фенг Шуи“ и „Фолтин“.