Јовановиќ: „со новиот клинички центар не’ потсетуваат дека 11 години ништо не направија, а со високата влезница на филхармонијата, дека културата е само за богатите

СКОПЈЕ, 20.05.2017 – Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров и претставници на компаниите „Гранит“, „Бетон“ и италијанската „ИНСО системи“ вчера го потпишаа договорот за изградба на нов клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Вредноста на договорот изнесува околу 72 милиони евра, а предвидува градежните работи да завршат во рок од 45 месеци од почетокот на градбата

Во врска со овој настан, на социјалните мрежи се појавија реакции од граѓани и стручни лица.

Добро е што пред самото заминување потпишуваат договор за нов клинички центар од 70 милиони евра. Со тоа уште еднаш нѐ потсетуваат дека за 11-те години колку што владееја не направија ништо добро за здравството, напиша на својот фејсбук профил економистот Бранимир Јовановиќ.

Тој исто така реагираше и на високата цена за влезниците на отоврањето на новата филхармонија.

Добро е и што пред самото заминување наплаќаат влезници од 3000 денари за отворање на филхармонија изградена со народни пари. Со тоа уште еднаш нѐ потсетуваат дека според нив културата е само за богатите, вели Јовановиќ.

 

|2017-07-04T14:39:51+00:0020 мај 2017|Вести, Економија|