СКОПЈЕ, 20.05.2017 – При составот на новата влада, вицепремиер за економски прашања ќе биде делигиран од страна на Стопанска комора. Познавачите на проблематиката и политички активни граѓани реагираа на социјалните мрежи
Здравко Савески, долгогодишен активист за работнички права и доктор на полтички науки, на својот фејсбук профил реагираше со став во врска со ситуацијата.
„Тоа со вицепремиер за економски прашања делегиран од Стопанската комора е преголема отстапка за крупниот капитал во Македонија. Државата е тука да го контролира крупниот капитал, за да не акумилира големи профити на сметка на обичниот народ, а не за да му ја предаде власта на тацна и да си спроведува мерки во свој интерес. Зашто, чии интереси ќе ги штити тој човек? Избран бил од народот? Не, ќе биде избран од Стопанската комора и ќе ги застапува нивните интереси. „Поволна бизнис клима“ се создава на грбот на работникот. „Бизнис рајот“ значи работнички пекол. И Грујо сакаше да изгради поволна бизнис клима. И го осиромаши народот! Не е единствениот проблем на груевистичката економска политика што имаше селективно казнување на фирмите кои не го поддржуваа неговиот режим. Големиот проблем беше и тоа што се водеше политика во интерес на крупниот капитал, а не во интерес на обичниот народ!“, пишува тој.
Потенцирајќи дека, Стопанска комора го поддржуваше режимот на Груевски, Савески го поставува прашањето, зошто кога претставник на капиталот ќе биде вицепремиер за економски прашања, министер на труд и социјална политика не би бил некој синдикалец.
„Со изборот на претставник на капиталот за вицепремиер за економски прашања, наводните социјалдемократи од СДСМ го нарушуваат нивниот свет принцип на социјално партнерство. Кога веќе му даваат толку значајно место на капиталот, зошто не му дадат исто толку важно место на трудот? Зошто барем министер за труд и социјална политика не е некој од синдикатот? И, ме интересира, што имаат да кажат на ова преферирање на страната на капиталот моите колеги синдикалци со кои последните години ги поминавме на протести? За вакви работи се боревме?“, пишува Савески.