Награди за најдобрите рудари

Скопје, 25 август 2017 – По повод денот на рударите, 28 август, денеска најдобрите рудари, предложени од нивните раководства, ќе бидат одликувани со плакети, јавува МИА. Плакетите ќе ги врачи министерот за економија, Крешник Бектеши. Свое обраќање ќе има и претседателот на Македонската асоцијација за рударство Николајчо Николов.

Денот на рударите е празник на рударите во Република Македонија посветен на штрајкот на рударите во Лојане 1929 година за подобрување на работните услови. Во Македонија има регистрирани 120 рудници во кои работат 10.000 работници.

|2017-08-25T09:41:04+00:0025 август 2017|Економија, Некатегоризирано|