Филип Морис тајно се обидува да ги поткопа заложбите против пушење

Најголемата јавно-тргувана компанија за цигари Филип Морис води масивна кампања за поткопување на меѓународната борба против пушењето, јавува Ројтерс.

Според извештајот, Филип Морис се обидува да ја поткопа меѓународната подршка за Рамковната конвенција за контрола на тутунот  разработена од страна на Светската здравствена организација. Целта на оваа конвенција е заштита на животите и здравјето на милиони луѓе низ светот.

Според еден од интерните документи, компанијата тврди дека ја подржувала конвенцијата. Но, набргу сфатиле дека тоа е „забеган регулаторен воз“ управуван од „анти-тутунските екстремисти.

Според документите и интервјуата, се добива впечаток дека станува збор за глобална кампања која опфаќа огромен број политички и други чинители. Според Ројтерс, ова можеби е најголемата лобирачка кампања на денешницата!

Ројтерс ги објави документите во вид на пребарувачка датотека до која може да пристапите овде.

|2017-07-13T15:54:42+00:0013 јули 2017|Некатегоризирано|