Меѓународната организација „Amntesty International“ во новиот извештај ја обвинува Европската унија за пораст на смртноста.
Во извештајот на „Amnesty International” насловен како A perfect storm: The failure of European policies in the Central Mediterranean се искажува загриженост за порастот на смртноста на бегалците во Медитеранското море. Во него се потцртува директна врска меѓу порастот на смртноста на бегалците, нивната злоупотреба во бегалските кампови во Либија и неуспешните спасителски мисии со „пропаднатите ЕУ политики“ по ова прашање.
Европските држави сè повеќе им вртат грб на стратегијата на пребарување и спасување која ја редуцираше смртноста на море, на сметка на стратегија која резултира со илјадници мртви.
John Dalhuisen, Amnesty International
Според извештајот, ако овој тренд продолжи, 2017 година ќе биде најсмртоносната година во оваа најсмртоносна бегалска рута до сега.