На 9-ти мај, орден за организаторот на националистичките протести

Во Македонија, светскиот ден на победата над фашизмот, на државно ниво немаше некоја посебна прослава. Парадоксален беше чинот на доделувањето на орденот за заслуги на директорот на Македонска Опера и Балет, Игор Дурловски. Дурловски беше еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, кои на 27 април кулминираа со влез на демонстрантите во Собрание. Таа вечер, демонстрантите влегоа во Собранието на Република Македонија, демолираа неколку простории и претепаа неколку пратеници на СДСМ и Алијанса за Албанците.

|2017-07-04T14:26:24+00:0016 мај 2017|Вести|