Запален Меморијалот направен за Набра Хасанен во центарот на Вашингтон

Според телевизиската станица Фох 5 ДС меморијалот направен на кружниот тек Дупон во главниот град на САД, Вашингтон, во чест на 17 годишната Набра Хасан бил запален. Набра Хасан беше убиена во близина на џамија во сојузната држава Вирџинија. Особено по победата на Трамп на минатогодишните избори во САД се зголеми насилството врз муслимани и исламски верски објекти. За време на предизборната кампања во која Доналд Трамп употребуваше говор на омраза кон муслиманите и имигрантите од Латинска Америка и нивно обележување како причинители за лошата економска и безбедноста положба на САД резултираше со зголемување на насилството врз овие малцинства. По изборите, администрацијата на Трамп се обиде да воведе забрана за влез во САД на граѓаните од седум земји каде мнозинство се муслиманите. Протерувањето пак на имигранти од Латинска Америка коешто се подзасили за време на мандатот на Барак Обама со уште поголем интензитет продолжи по доаѓањето на власт на Доналд Трамп во Јануари оваа година.

Поголеми група на граѓани во вашингтонскиот Дупон и седум други поголеми градови во САД демонстрираа солидарност со семејството на Набра и муслиманската верска заедница во САД. Порастот на расната и религиозната дискриминација во САД се случува истовремено со зголемувањето на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Со новите предлог закони на администрацијата на Трамп се укинува социјалната помош и здраственото осигурување за најсиромашните граѓани.

Предрасуди и дискриминација во Македонија

И покрај загарантираноста на социјалните, верските и културните права во уставот, сепак во Македонија сеуште постои социјална неправда, расна и верска дискриминација. Во изминатите години припадници на ромската заедница беа неуставно спречувани да патуваат надвор од државата. Малцинските заедници како ромската се во тешка економска положба со фрапантна невработеност, низок степен на инвестициите во образование и инфраструктурата во општините каде мнозинството се жители од албанска, турска и ромска националност. Националистичката реторика во Македонија честопати ги посочува малцинаствата како причинители за лошата политичка и економска состојба во земјата.

|2017-06-24T13:38:57+00:0024 јуни 2017|Актуелно, Вести, Свет|