Загадувањето на воздухот може да доведе до промени во структурата на срцето

Истражувачите откриле дека луѓето што се изложени дури и на ниски нивоа на загадување на воздухот можат да имаат промени во структурата на срцето, слично како кај раните фази на луѓето со срцева слабост.

За секој дополнителен микрограм на еден кубен метар од малите аерозагадувачки честички PM2.5 – и за секои 10 екстра микрограми на кубен метар азот диоксид (NO2), срцето се зголемува за околу 1 процент, покажаа наодите од студијата објавена во Велика Британија во списанието Circulation.

„Иако нашата студија беше набљудувачка и се’ уште не покажа каузална врска, забележавме значајни промени во срцето, дури и при релативно ниско ниво на изложеност на загадување на воздухот.

Ние знаеме дека луѓето со срцева слабост или луѓе кои развиваат срцева слабост, ќе имаат промени во нвното срце, а една од промените е дека тоа станува се’ поголемо. Кога ќе стане поголемо, тоа значи дека срцето е под стрес, така што единствениот начин да се приспособи на новиот зголемен притисок и волумен е да се зголеми. Ако не го третирате или не пробате да го вратите срцето во првобитната состојба, на долг рок срцето може да откаже“, вели Неј Аунг, еден од истражувачите од универзитетот Queen Mary во Лондон.

За оваа студија истражувачите анализираа податоци од околу 4.000 учесници во Британија, каде што волонтерите беа прашувани за своите лични информации, вклучувајќи го и нивниот начин на живот, здравствената евиденција и детали за тоа каде живееле. Учесниците во анкетата се на возраст меѓу 40 и 69 години и се наоѓале на истата адреса за време на целата студија.

На учесниците, исто така, им биле направени крвни тестови и здравствени скенирања, а срцевата МРИ (магнетна резонанца) беше искористена за мерење на големината, тежината и функцијата на срцето на учесниците.

Тимот пронајде јасна поврзаност меѓу оние кои биле изложени на азотдиоксид или PM2.5 честички со развојот на поголема десна и лева комора во срцето.

Коморите се важни транспортни комори во срцето и иако овие учесници беа здрави и немаа симптоми, сличното ремоделирање на срцето се гледа во раните фази на луѓето со срцева слабост.

Во претходните студии на тимот, исто така, се покажа дека глувците изложени на високи концентрации на PM2.5 развиваат поголеми срцеви комори.

Извор: https://www.business-standard.com/article/news-ians/air-pollution-may-lead-to-changes-in-heart-structure-118080500189_1.html

|2018-08-14T09:16:19+00:0014 август 2018|Актуелно, Вести, Свет|