За шовинистичката логика на апологијата

Изминативе денови, по одлуката на владата за назначувањето на Џезаир Шаќири (командант Хоџа) за советник, навјасаа дебати и критики во општеството и социјалните мрежи.

Водејќи се по плуралните принципи, сметам дека е добро што општеството на некаков начин ги следи и ги премерува одлуките на власта.

Во плејадата критики и апологии се истакнуваат суперфицијалните и плитки како улични вирови некои рефлексии кои се обидуваат да одговорат на прашањето „Зошто“.

Имено, една голема дупка во логиката на апологијата на наквасените супозитори вообличени како разно-разни градски советници и политички аналитичари за случајот со Џезаир Шаќири.
Тезата дека државата преку Џезаир ќе спречува напади на терористи (Албанци) е препопна со дупки, кои не се причинети од кадењето на лулето на мирот, туку од чисти крпеници на шовинистичките школи чиј имплант на ваков начин некако резонира:

-Шаќири ќе не брани од терористите кои се Албанци,
-Албанците се терористи по дефиниција
-Албанците продолжуваат да се непријатели на оваа држава
—————————————————————————
-Албанците се непријатели на Македонците

Кој и да ги подучувал апологетите кои се јавуваат во првите редови на одбраната на кадровските решенија на владата, неспособноста да си ја препознаат оваа силогистичка струкура во расудувањето, предизвикува продолжување на вмровската параноја поврзана со етничките Албанци.

Оваа логика, не претставува никаква еманципирачка, а пред се’, логика на ослободеното општество, земајќи ги предвид импликациите коишто следуваат од нејзините невоочени „мрснотии“. Талогот од изведбата на (погоре) потенцираните консеквенци, не е на дното на нашиот меѓусебно споделен реалитет, туку на врвот на чашата стоејќи како брана од историски нанесената параноја.

Оттука и малиот или никаков процент на етнички албанци во т.н. безбедносни структури на државата (ЕБР, Тигри, Волци, Агенција за разузнавање, УБК – или по ново ОТА).

| 2018-05-14T10:49:14+00:00 14 мај 2018|Актуелно, Став|