(Поезија) За мајка ми

За мајка ми

……”Тие луѓе ни ја сронија и последната трошка надеж за дом. Веќе година дена не сме во можност да им плаќаме кирија на газдите. Прво на оние чив стан се наоѓаше кај пекарата од каде се шираше најубавиот мирис на тазе испечено лебче од кој моментално огладнував и се најадував од самата помисла. Вратата од својот дом следни ни ја отворија семејството кое живееше на аголот после малата продавничка за слатки кои никогаш не можевме да си ги дозволиме. Во дворот на Амбер се преселивме пред точно 5 ипол дена и еве сега и од таму сме избркани поради неможноста да плаќаме кирија за шпајзот што ни го изнајмија во кој одвај не собираше мене мајка ми и помалиот брат.

Велат дека сум премногу млада за да разберам зошто луѓето тука брзо се откажуваат од идејата да ни помогнат ама јас знам… тоа е поради црната абаја на мајка ми…нејзината марама и моето име.

По не знам кој пат среде ноќ останавме под ведро небо. Мајка ми веќе умешно знаеше да најде сокаче во кое има помал провев да за преноќиме. Оваа ноќ особено ја мразам.

Дождот лие. Мајка ми е директно потпрена на ѕидот од гитер цигли со склопчени нозе. Ја откопча излитаната абаја. Мене ме седна на левата нога а брат ми на десната. Нозете ни ги пикна во нејзиниот скут и ја закопча абајата околу нас. Јас и брат ми заспавме. Ме расони солзата на мајка ми кога ми капна на десната веѓа. Овој пат не беше доволно брза да ја избрише пред да капне.

Беше 5 часот наутро. Веќе почна да се разденува, а мене ме разбуди мирисот на леб од пекарата на ќошот. Мајка ми не се помрднала цела ноќ ама овој пат абајата попушти. Таа црна абаја мислев дека е најсилното парче ткаенина која издржала тежина, прегратки, солзи, смеа, зачини и чаеви. Јасно можев да го забележам испуканиот шав на ракавот. Тогаш мислите ми ги прекина гласот на мајка ми… рече: Хабиби, тебе пак те разбуди мирисот на леб нели? Ова утро како и сите предходни не може да си го дозволиме знаеш…. жал ми е рече и ме бакна на врвот од носот.  Тоа беше најубавиот доручек што некогаш сум го изела! ”

Пашија Фејзула е родена на 21 Март 1996 година. Студирала на  Медицински факултет во Скопје и работи како физиотерапевт. Пишува раскази, проза и поезија. Сака театар, сака да готви и ужива во убава храна, ги сака и црвените рози и убавата насмевка. За неа ќе каже дека не сака комерцијална музика и дека не верува на луѓе кои носат патики без чорапи. Песната „За мајка ми“ е првата нејзина јавна објава.

|2017-12-09T13:13:11+00:009 декември 2017|Актуелно, Култура|