За даноците и законите

Слободно е она општество во кое никој не е ослободен од данок!
На 75 годинишнината на ослободувањето на Битола, нема позаробени од нас – граѓаните.
Да живее прогресивниот данок! Од него се градат детски градинки, училишта, универзитети, амбуланти, болници, клиники, улици, патишта, железници, аеродроми.
Уште поважно, од прогресивниот данок се гради солидарност, љубов кон послабиот, восхит кон успешниот и меѓусебно разбирање.
Прогресивниот данок е предуслов за поправедно општество од она во кое за жал денеска живееме.
Стапките не се 10 и 18, стапките биле 10 и 80. Еден ден, некои идни генерации ќе изгласаат 90 % данок на најбогатите.
Еден ден можеби нема да има богати и сиромашни, а до тој ден – да сонуваме со очи отворени.

Автор на текстот и прибавувач на одломките од одредбите од законот: Никола Шиндре

|2019-11-04T18:22:07+00:004 ноември 2019|Актуелно, Вести, Став|