Втора научна дебата за употреба на канабисот за медицински цели

СКОПЈЕ, 06. 03. 2018 – Утре во просториите на Кино Култура со почеток во 13 часот во Скопје ќе се одржи втората научна дебата за употреба на канабисот. Фокусот ќе биде на медицинското користење на канабисот, а на дебатата ќе учествуваат реномирани лекари специјалисти коишто ќе зборуваат од здравствена перспектива за употребата на оваа билка. Настанот го организира Здружението за канабис и зелени политики Билка од Скопје.

Три месеци после одржувањето на првата научна дебата посветена на легализацијата на канабисот, ќе се одржи и втора научна дебата. Дебатата е насловена „Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија“ и во неа ќе учествуваат главно лекари специјалисти од неколку подрачја.

Првата трибина ги разгледуваше правните перспективи околу законските можности и на неа учествуваа лица професионалци во доменот на правосудството и правните науки.

На втората трибина, која ќе се одржи на 7 март во среда, во просториите на Кино Култура, ќе зборуваат, Асс, Др. Филип Гучев специјалист реуматолог, Др. Дарко Костовски специјалист психијатар, Др. Сци Нико Беќаровски специјалист токсиколог, Доц. Д-р Аспазија Софијанова специјалист педијатар, Проф. Д-р Арбен Таравари специјалист невролог и Др. Игор Стојковски специјалист онколог.

Дебатата ја организира Здружението за канабис и зелени политики Билка Скопје.

|2018-03-06T09:21:07+00:006 март 2018|Актуелно, Вести, Култура|