Во Дебар Маало продолжува хаосот во јавниот простор, автомобилите на тротоар, а пешаците на коловоз

СКОПЈЕ, 23.04.20018 – Неформалната организација „Во Одбрана на Дебар Маало“ на својот фејсбук профил објавија фотографии од револтиран граѓанин на кои се гледа бруталното деформирање и узурпирање преку приватизирање на јавниот простор во општина Центар. Тој со својата количка и неговото дете, буквално морал да се симнува од тротоар на коловозот затоа што автомобилите и нелегалното проширување на објектите, како и летните бавчи на угостителските објекти го заземаат просторот наменет за пешаци на тротоарот.

Градежната мафија која преку корумптивни врски со политичарите генерира насилни и нетранспаренти промени на Деталните урбанистички планови, уништува зелени паркови за сметка на бетонски зданија, тотално го игнорира јавниот интерес и прави од т.н. град на солидарност, Скопје да стане град на градежни моќници, кои немаат никакво чувство за сите нус појави – загаден воздух, болести, редуцирање на јавниот простор, алокација на ресурси и слично.

Откако една од најгласните активистки од организацијата „Во Одбрана на Дебар Маало“ за зелен Центар и Скопје – Јана Белчева Андреевска, стана престедателка на советот на општина Центар, се очекуваше да се промени односот кон градежната мафија и конечно да се имплементираат апелите на жителите од Скопје, фактите покажуваат дека тоа остана само предизборно ветување.

| 2018-04-23T21:29:53+00:00 23 април 2018|Актуелно, Вести, Скопје|