Внатрешно раселените лица во Сирија се враќаат во своите домови

Вантрешно раселени лица се враќаат во своите домови во населбата Ал-Шаар, источно Алепо

Внатрешно раселени лица се враќаат во своите домови во населбата Ал-Шаар, источно Алепо.

СКОПЈЕ, 01.07.2017. Според агенцијата за бегалци УНХЦР при Обединетите нации повеќе од 440,000 внатрешно раселени лица во првите 6 месеци од оваа година се вратиле во своите домови во Сирија. Во 2017 31,000 сириски бегалци се вратиле во Сирија, а од 2015 година досега речиси 210,000 бегалци се вратиле во Сирија, претежно од Турција во северна Сирија.

Како причинител за оваа појава се смета подобрување на безбедносната состојба во некои делови од земјата како што се Дамаск, Алепо, Хомс и Хама. Имено, владините сили во текот на оваа и минатата година потполно ја преземаа контролата врз овие градови. Поголемиот дел од внатрешно раселените лица се враќаат во своите домови токму во овие градови и региони. УНХЦР ги зголемува своите капацитети во Сирија со цел да им пружи поддршка на оние внатрешно раселени лица коишто во се поголем број се враќаат во своите домови. Надвор од Сирија УНХЦР го зголемува мониторингот со цел да да ја зголеми подготвеноста и излезе во пресрет на бегалците кои ќе решат да се вратат во својата земја.

УНХЦР смета дека условите за враќање на бегалци во Сирија сеуште не постојат и покрај зголемените надежи за воспоставување на траен прекин на огнот и воспоставување мир во земјата. Според УНХЦР сеуште е потребно обезбедувањето на правото на азил за сириските бегалци и организирање на услови за нивен престој во земјите каде престојуваат.

|2017-07-03T08:48:00+00:001 јули 2017|Актуелно, Вести, Свет|