Владата молчи за институционалниот скандал во врска со прекршоците во договорот за Казандол

Местото кадешто според договорот компанијата Сардич требаше да има изградено постројка заклучно со февруари 2017. Фото: Гласник, декември 2017.

Контрадикторни се наодите на институициите за една иста работа во рудникот Казандол. Две државни институции кои правеле вонредни инспекции во рудникот Казандол во речиси ист период за една иста работа констатирале различни наоди.

Во извештајот на Инспекторатот за животна средина, направен на 23 ноември минатата година, се констатира дека „погонот за производство на катоден бакар не е завршен и во тек е изведба на монтажни работи и подготовка на објектот за монтажа на технолошката опрема“.

Дoдека, на 12 октомври минатата година, значи три недели пред првичниот извештај на Инспекторатот за животна средина, Државниот инспекторат за техничка инспекција дава спротивен извештај. Тие утврдуваат дека „изградбата на производниот погон е завршена, кој како објект е составен дел на постројката и се чека испорака на опремата за електролиза и производство на катоден бакар“.

Непрофесиналноста или коруптивноста детално се препознава во спротивноста на извештатите за постројката за производство на катоден бакар, односно како може една институција која прави инспекција три недели после првата институција да констатира дека погонот не е завршен, кога во првичниот извештај се констатира дека погонот е готов. Владата се’ уште молчи за овој скандал. Сепак вниманието треба да биде насочено кон неисполнувањето на услов од договорот од страна на компанијата, чијшто рок беше до февруари 2017 година.

Сардич МЦ е компанијата која требаше во рок од две години да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда. Ваквиот договор е потпишан на 27 февруари 2015 година. Но овој дел од договорот во зададената временска рамка не е исполнет и со тоа има можност за правна разрешница со која може еднострано да се раскине договорот за рудникот Казандол.

| 2018-03-02T12:32:32+00:00 2 март 2018|Актуелно, Вести|