Велешките стечајци, никако да ги добијат средствата коишто им следуваат

ВЕЛЕС, 09.12.2017 – Околу сто и педесет стечајни работници од Велес, вработени во поранешниот Агрокомбинат „Лозар“, неколку години не можат да дојдат до средствата коишто им следуваат. Тие десет години се тужат со државата, односно Агенцијата за вработување на Република Македонија и ресорното министерство за труд и социјална политика. Два пати по ред судот пресуди во нивна корист, додека претставниците на извршната власт, конкретно на ресорното министерство, коешто во изминативе две години го раководеа кадри на СДСМ, не им го даваат тоа што им следува. Ниту поранешната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, ниту пак сегашната, Мила Царовска немаат посебна ажурност што се однесува на овие случаи.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, овие работници беа маргинализирани и нивното прашање и нивните права беа оставани на страна. Во 2008 година, според пресудите на судот, овие стечајци ги исполнувале условите за добивање на паричен надомест уште во 2008 година. Додека истите се и парично оштетени, односно шест години не земаат надомест од 7500 денари месечно. Во 2014 година, државата ја призна грешката и ги вметна во т.н. список на загубари. Од тогаш досега, често властите и медиумите знаеја со фанфари оптимизам да ги глорификуваат одлуките на судот. Меѓутоа, незаинтересираноста на извршната власт да ги исплаќа надоместоците коишто им ги должи според одлуките на судот продолжи.

Новата власт во предизборниот период многу зборуваше за социјални политики и враќањето на средната класа. Потпирањето на социјалдемократските политики значи и грижа за токму оние кои имаат најголема потреба од истото, имено социјално слабите.

|2017-12-09T13:02:23+00:009 декември 2017|Актуелно, Вести, Економија|