Вандализам врз театарот – Велиај како сексер, актерите како сопственици на просторот

Дали се сеќавате дека за време на ’90-тите многу беше проширен изразот „сексер“? Сега како да е подзаборавен, колку што можам да видам, за еден дел од читателите треба да ги потсетам за неговото значење. Накратко, зборот сексер се однесува на личност којашто служеше како посредник помеѓу еден градител или приватен сопственик и еден политичар. Неговата работа е тајно и верно да „навлезе“ кај еден политичар за обезбедување на дозвола за изградба без директен контакт на овој со приватникот. Сигурно, имаше и своја придобивка што зависеше од тоа колку катови добиваше градителот и каков дел си бараше политичарот. Познато е дека оваа работа ја вршеле и доста познати фигури.

Доколку го тенчиме до крај, времето на сексерите беше многу „поздраво“ отколку ова во коешто живееме. Ова е поради тоа што потребата од сексер подразбираше дека политичарот чуваше некаква ципа пред очите на јавноста којашто го имаше избрано, не се експонираше директно со приватниците. Од друга страна и приватниците, градители или сопственици на земјиштето, не се осмелуваат да посегнат и да дадат корумпурачки предлог пред очи.

Сега сме во време во коешто сексерите се непотребни, затоа што политичарите и градителите меѓусебе си ги делат парите кои ги добиваа сексерите. Непотребно е и криењето затоа што пазарите сега се прават јавно по телевизии, се фотографираат јавно двете страни, со што на крај нивните „одлуки“ ги одобрува Собранието.

Еден сексерлук, на отворено небо беше и титанскиот обид што го направи Ерион Велиај (Градоначалник на Тирана од редовите на Социјалистичката партија на Еди Рама) во аферата со Националниот театар, што се оконча со договорот постигнат со актерите, како и внесувањето на дневен ред во Собранието за нацрт законот што му дава право на сопственикот на градителска компанија, Шклќим Фуша, да го урне театарот и да гради на тоа место. Првиот затворен пазар беше помеѓу политичарот и премиерот на Албанија, Еди Рама и градителот Фуша, еден близок, обвинител, на кого му го тргна од вратот на Велиај обвинението за убиениот Ардит на депонијата Шара. Меѓутоа, еве излегоа некои актери од театарот кои не се согласуваа, затоа што помеѓу нив некои сакаат да се урне театарот и да се изградат кули, некои други сакаат да се урне но да не се градат кули, и некои трети сакаат да ја зачуваат старата градба затоа што таа има историја. За сексерот не беше многу тешко да ги кандиса актерите кои не биле никогаш актери, туку „само глас“, како што Еди Рама некогаш го нарекуваше Артан Имами, кои за несреќа и не се малку. Но, еден дел од актерите викнаа силно против, излегувајќи јавно со име и со презиме. Како и да е, сексерот Велиај изигра со сите камчиња, на крај стигна да го направи пазарот дури и со нив (иако некои од актерите викаат дека не е завршена работата).

Но зошто го нарекуваме „сексер“ а не „Градоначалник“ ќе праша некој? Затоа што во ова носење на одлуки недостига еден многу важен протагонист, всушност најважниот, граѓанинот на Тирана, кој недостасува затоа што недостасува токму Градоначалникот, оној кого граѓаните го гласале кој ветуваше дека во историската Тирана нема веќе да се гради. (Недостасуваат и други во оваа историја како Министерството за култура, Инситутот на монументи, Обвинителството коешто треба да започне истрага за фирмата на Фуша за поплавата во Националната библиотека и над се и пред се законот, што во овој случај би требало да бил Урбанистичкиот план на Тирана, кој навремено требаше да ги фиксира недопирливите зони каде не може да го „пикаат носот“ сексерите. Но во овој текст ќе се задржам на сексерот на Еди Рама кој е главниот лик во оваа маскарада).

Значи, Ерион Велиај како Градоначалник би требало да ги застапува интересите на сите граѓани, не само на оние на коишто им дал некакво ветување за не-уништување на историската Тирана, но и за тоа што граѓаните го гледаат тоа што се случува со Националниот театар како еден скандал со многу планови. Скандал, затоа што им се краде јавната сопственост; скандал, затоа што им се урива еден културен монумент во една историска зона; скандал, затоа што се планира едно натрупување со згради во зона којашто не може да ги износи; скандал затоа што се перат пари од дрога со коишто се зајакнуваат криминалците; скандал, затоа што нацрт законот драфтуван специјално за Фуша е дното на секој концепт за правна држава. Како е можно Градоначалникот да не ги застапува овие работи? Кажав (претходно): затоа што тој не е Градоначалник, туку е сексер. Исто како тие тајните сексери коишто започнаа со уривање на Тирана за време на ’90-тите, тој нема врска ниту со законот ниту со јавниот интерес, тој има врска само со политичарот (Еди Рама), со градителот Фуша и …. сега доаѓа убавото: со сопственикот на земјиштето.

Ете како доаѓаме кај актерите. Следејќи ја веста за договорот и фотографијата што ја објавил сексерот со нив (со актерите), не можев да го одбегнам прашањето: со каква должност долучуваат овие актери за уривање на една сопственост која не е нивна, туку на сите нас? Знаеме дека на сексерот, на политичарот и на градителот за да го решат овој проблем побрзо ги интересира актерите да се третираат како да се сопственици на театарот и на земјиштето околу, но зошто актерите го ја прифаќаат оваа улога која колку што е незаконска, толку е и неморална. Уште повеќе, штом себеси се нарекуваат уметници. Не им е срам од тоа што утре-другиден ќе ги обвинуваат за тоа дека им ветиле некој апартман во кулите кои сакаат да ги изградат и со толку го решиле пазарот на сексерот со нив; дека цел нивни протест бил за да се постигнат метрите квадратни коишто треба да ги добијат од договорот со Рама – сексер – Фуша? Всушност, сексерот одамна велеше дека горе-долу тие едноставно бараат подигање на цената.

Не само тоа, туку и дел од нив одат и позираат со сексерот и на изградбата на монструмот кај поранешниот стадион „Ќемал Стафа“, со што го легитимираат и вандализмот што се извршува таму.

Да, вандализам. Вака се нарекува извршениот акт врз стадионот „Ќемал Стафа“ од страна на Еди Рама и кругот преродбеници политичари и градители. И тоа што имаат намера да го направат со Националниот театар е вандализам. Кога ги објаснуваат мотивите на вандализацијата, истражувачите викаат дека вандалот го прави тоа поради тоа што не ја знае вредноста на објектите кои ги урива поради несвесност или поради комплекс на инфериорност кон убавините коишто ги претставуваат тие објекти. Вандалот Еди Рама, сексерот Ерион Велиај, градителот Фуша и уметниците кои ги поддржуваат ги имаат двете компоненти, – заедно со слепоста и несвесноста која им ја предизвикува ненаситната жед за пари и за власт. Инаку, не би се здружиле заедно во една толку гротескна група. Денеска ги гледам како позираат заедно среќни во незнаењето, комплексот на инфериорност или гладта за пари, но треба да знаат дека утре фотографиите сликани со сексерот Велиај ќе им останат како вандализирачки печати со кои ќе се зафркаваат генерациите коишто доаѓаат – доколку овој вандализам остави колку толку луѓе со памет на оваа место.

Автор: Фатос Љубоња

Оригиналниот текст на албански јазик можете да го прочитате на овој линк.

| 2018-08-07T09:38:47+00:00 7 август 2018|Актуелно, Култура, Свет, Став|