Ужасите на постмодернизмот: американската армија ќе прави биоразградливи куршуми, кои ќе убиваат, но нема да и штетат на околината

Како што знаете, куршумите се дизајнирани да ги убијат луѓето. Досега металните соединенија во нив исто така имаат тенденција да се слеат во животната средина и да ги убиваат растенијата и дивиот свет.

Во објектите за обука ширум светот, американската армија користи таква муниција за да ги подготви своите војници за борба. Овие куршуми само остануваат во дивината, и ја прават својата штета на околината. Одлучувајќи дека оваа пракса не е добра, официјални лица од армијата сега бараат предлози за дизајнирање биоразградливи куршуми кои повеќе нема да им наштетат на животната средина.

И не само тоа, тие се надеваат дека куршумите ќе содржат семиња, специјализирани за секое локално опкружување, така што на крајот ќе „произведат растенија кои ќе ги отстранат остатоците од муниција и загадувачите“.

Тоа е точно – не само што ќе произведуваат нови растенија од овие семени куршуми, туку тие ќе помогнат да ги исцедат опасните хемикалии од околината. Тоа секако е амбициозен концепт, но не и надвор од рамките на можноста. Според официјалното барање, овој вид на куршум веќе е тестиран.

„Инженерската лабораторија за истражување на американската армија покажа дека биоинженерните семиња можат да бидат вградени во биоразградливите композити и дека нема да се ‘ртат додека не бидат во земјата неколку месеци”, се вели во извештајот.

Сега тие само треба да се претворат во куршуми кои можат да бидат испукани од вистинско оружје. Како што беше посочено, овие куршуми се всушност прилично големи, почнувајќи од врсти од 40 mm до 120 mm (кои ги користат тенковите) , а дури и артилериски куршуми од 155mm.

Втората фаза вклучува развој на прототипот и средства за негово производство и во финалната трета фаза биоразградливиот куршум ќе се употребава во објектите за обука на армијата.

Растенијата што растат од семето, ќе а помогнат да се отстранат загадувачите на почвата но исто така, може да се нахранат локалните диви животни. Според планот, “Животните треба да бидат во можност да ги конзумираат растенијата без никакви лоши ефекти”.

Извор: (01/11/2017) https://www.seeker.com/the-us-army-wants-biodegradable-bullets-that-sprout-plants-2188620267.html

 

| 2018-07-26T08:34:11+00:00 26 јули 2018|Актуелно, Вести, Свет|