Утре започнува Меѓународниот Саем на книгата во Скопје

СКОПЈЕ, 02.05.2018 – Утре, во Скопје, во просториите на Спортскиот центар Борис Трајковски ќе се одржи меѓународниот Саем на книгата 2018 година. На саемот ќе земат учество многу домашни и странски издавачки куќи.

Овогодинешниот меѓународен Саем на книгата ќе се одржи во просториите на Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје. До минатата година, Саемот на книгата се одржуваше во просториите на Скопскиот саем, но поради менувањето на сопственичките односи, неговото одржување се пресели во Спортскиот центар Борис Трајковски.

По 30-ти пат, љубителите на книгата ќе имаат можност да се снабдат со наслови и дела издадени од домашни и странски издавачки куќи.

Во рамките на саемот, ќе бидат организирани голем број на настани. Промоциите и тематските средби ќе бидат зачинети со пригодни изложби.

Работното време на саемот е од 10.00 до 22.00 часот, ќе трае од 3 – 9 мај.