Утре започнува Kurzschluss: Вечер на музички видеа

СКОПЈЕ, 21.10.2017 – Утре вечер, на 22 октомври, со почеток во 19:00 часот, во Социјалниот центар „Дуња“ започнува Kurzschluss: Вечер на музички видеа. Станува збор за анимирани, визуелно атрактивни текстови, со силни пораки, испреплетени со музички нумери.

Овој настан, ќе биде прва сесија од серија проекции на музички видеа. Ќе бидат проектирани култни, но и малку познати видеа со музички нумери, кои предизвикуваат силни визуелно-аудитивни дразби, а воедно во себе содржат силни пораки.

Селекцијата на видеата е правена од страна на Стефан Радуловиќ и Андреј Јованчевски, а проекциите се отворени за сите.

Социјалниот центар „Дуња“ се наоѓа во близина на Т.Ц. „Буњаковец“, на улицата „Рајко Жинзифов бр. 22. Информации за настанот може да најдете на следниот линк.

|2017-10-21T10:53:34+00:0021 октомври 2017|Актуелно, Вести, Култура|