Убиен „чуварот на Амазон“, бразилскиот лидер на домородните Гуажажара

Се верува дека лидерот на домородните Гуажажара луѓе во бразилскиот Амазон е убиен од илегалните дрвосечачи.  Бразилските организации за заштита на животната средина и права пред 5 дена објавија дека лидерот на домородните лидери Гуажажара, бил убиен во државата Маранхао во бразилскиот Амазон. Тие се сомневаат дека Жоржињо, кој бил познат по својата работа како „чувар на Амазон“, го убиле илегални дрвосечачи кои дејствуваат на територијата на народот Гуажажара.

Телото на лидерот беше пронајдено минатата недела во една река близу Арарибојскиот домороден резерват на заедницата Арарибоиа. На неговото тело можело да се забележат знаци на насилство на вратот и градите. Survival International, невладина организација која се залага за правата на домородните народи ширум светот, ја објави веста преку Твитер и објави додатна детална вест во која се опишува борбата на Гуажажара против „агресивната, моќна и вооружена масовна сеча која има тесни врски со локалните и националните политичари“.

Соња Гуажажара, лидер на домородната заедница и заменик-претседателски кандидат за Партијата за социјализам и слобода, го потврди убиството на Жоржињо, како дел од „низата смртни случаи и убиства во борбата со нелегалната сеча“.

Според податоците на Националниот институт за вселенски истражувања (ИНПЕ), 70 отсто од шумата во државата Маранхао се уништени. Само во Арарибоиа, биле погодени речиси 25 хектари.

Чуварите на Амазон, се група на луѓе од заедницата Гуажажара кои одлучија да се борат против илегалните дрвосечачи поради неактивноста на владата. Ја патролираат нивната територија во потрага по надворешни закани, а кога ќе најдат дрвосечачи или ловци, им ја уништуваат нивната опрема, ги притвораат сторителите и потоа ги носат во полиција.

Поради своите активности за заштита на нивните животи и нивното живеалиште, тие се честа мета на нелегални дрвосечачи. Жоржињо е еден од околу 80 членови на неговото племе кои биле убиени поради одбрана на природата.

Регионалните власти досега не дале никакви изјави во врска со убиството.

Survival International истакнува дека „бруталните кратења на владините финансии за одделот за домородните прашања FUNAI и племенската заштита на земјата значат дека опасностите сега се уште поголеми, бидејќи областа не е соодветно следена или чувана од страна на властите. “

Извор: https://www.telesurtv.net/english/news/Brazilian-Indigenous-Leader-Guardian-of-the-Amazon-Murdered-20180816-0009.html

|2018-08-21T11:53:17+00:0021 август 2018|Актуелно, Вести, Свет|