Штедењето и нееднаквоста предизвикуваат ментални болести, вели претставник на ОН

Штедењето, нееднаквоста и несигурноста при работа се штетни за менталното здравје и владите треба да им се спротивстават доколку сакаат да се соочат со растечкото преовладување на менталните болести, рече највисокот претставник за здравје при ОН.

Во екслузивно интервју за Гардијан што се совпаѓа со извештајот кој треба да биде доставен до Обединетите нации во Женева во понеделник, д-р Даиниус Пурас наведува дека мерките за решавање на нееднаквоста и дискриминацијата ќе бидат далеку поефикасни во борбата против менталните болести отколку акцентот врз лекарствата и терапијата во последните 30 години.

„Ова ќе биде најдобрата „вакцина“ против менталните болести и би било многу подобро отколку прекумерната употреба на психотропни лекарства, што се случува“ рече Пурас, кој како специјален известувач на ОН за здравјето известува за Советот за човекови права на ОН во Женева.

Тој рече дека од финансиската криза во 2008, политиките кои претпочитаа поделба, нееднаквост и социјална изолација се лоши за менталната рамнотежа. „Мерките за штедење не придонесоа позитивно за доброто ментално здравје“, тој рече. „Луѓето се чувствуваат несигурни, вознемирени, не уживаат добра емоционална благосостојба поради оваа ситуација на несигурност.“

„Најдобриот начин да се инвестира во менталното здравје на поединците е да се создаде средина за поддршка во сите поставки, фамилијата, работното место и тн. Се разбира, терапевтските услуги се потребни, но тие не треба да бидат базирани на прекумерен биомедицински модел“.

Пурас рече дека постои пренагласеност на обидот да се излечи менталната болест како физичка болест, преку „добра медицина“, без да се земат предвид социјалните фактори што причинуваат или допринесуваат за некои ментални нарушувања. Препишувањето на психотропни лекови за справување со ментална болест, особено антидепресиви, во изминатите 20 години значително се зголеми во развиениот свет.

„Луѓето одат кај своите лекари кои препишуваат лекови, што е несоодветен одговор“, рече тој. Ако наместо тоа, владите сериозно ги третираат прашањата како што се нееднаквоста, сиромаштијата и дискриминацијата, тогаш може да очекувате подобрување на менталното здравје“.

Последните податоци од Светската здравствена организација (СЗО) сугерираат дека дури 970 милиони луѓе ширум светот страдаат од некаков вид на ментална болка, а распространувањето на состојби како што се депресија и анксиозност се зголемило за повеќе од 40% во текот на изминатите 30 години.

Како што се зголеми прифаќањето на менталните болести, бројот на лица кои бараат третман порасна експоненцијално и тоа во огромен број на случаи во многу земји. Овој феномен ги подели експертите на оние кои ја гледаат менталната болест како претежно биолошка, невролошки дефект, која може да се третира со лекови и терапија и оние кои веруваат дека таа е многу повеќе психосоцијална, резултат од владини политики, социјална атомизација, сиромаштија, нееднаквост и несигурност.

Пурас беше внимателен да не ја спомене Велика Британија по име, бидејќи тој сѐ уште ја нема посетено Британија во неговата мисија за утврдување на факти, но елементите од неговиот извештај ќе бидат непријатно четиво за британската влада која скоро 10 години спроведуваше мерки на штедење и сѐ повеќе несигурен пазар на труд, преку договорите на дело и гиг економијата.

„Нееднаквоста е клучна пречка за менталното здравје на глобално ниво“, вели неговиот извештај. „Многу фактори на ризик за слабото ментално здравје се тесно поврзани со нееднаквостите во условите во секојдневниот живот. Многу фактори на ризик се исто така поврзани со корозивниот ефект на гледање на животот како нешто неправедно“.

За да се подобри менталното здравје, Пурас повикува, меѓу другото, на намалување на нееднаквоста и социјалната исклученост, подобри предучилишни и училишни програми, брзи интервенции за поддршка на оние кои страдаат од негативни детски искуства, поголема синдикализација на работната сила и подобра социјална благосостојба.

Тој исто критички реферираше на „прекумерното влијание на фармацевтските компании во ширењето на пристрасни информации за прашањата поврзани со менталното здравје“ и наведе дека државите мораат да се спротивстават на ова. Владите можат да направат многу за да се спречат менталните болести, наместо да се преистакнуваат биомедицинските лекови.

„Ние мораме попрво да ги таргетираме меѓучовечките односи, отколку мозоците“.

Превод: Стефан Видиков

Изворниот текст можете да го најдете тука.

|2019-06-26T10:01:40+00:0026 јуни 2019|Актуелно, Вести, Култура, Свет|